Еуфоријата по победата над Барселона на „Ноу Камп“ и пласманот во финалето на Купот, брзо спласна. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ екипата на Реал Мадрид доживеа пораз од Виљареал со 2:3 и со тоа прокоцка важни бодови во трката по титулата во Ла Лига.
Реал дојде во предност со автогол на Пау Торес. Изедначи Чуквуезе во 39 минута. Само што почна второто полувреме Винисиус донесе нова предност за Реал, а потоа што се случи само домашните знаат.
Гостите постигнаа два гола и ја однесоа победата. Моралес во 70 минута изедначи на 2:2, а десет минути подоцна Чуквуезе ја осигура победата за „жолтата подморница“, нивна прва на „Бернабеу“ по јануари 2018 година.
Во Барселона сигурно се радуваат на овој пораз затоа што разликата е 12 бода со тоа што каталонскиот тим има меч помалку (против Џирона во понеделник).
Виљареал ја забележа 14-тата победа, а трета по ред со која е на петтото место.