Вардар загуби кај Беса и натпревар и прво место

2583

Тимот на Вардар повеќе не е лидер во ВМФЛ шампионатот. Предмалку „црвено – црните“ загубија на гостувањето кај Беса Добри Дол со 2:1, и покрај фактот што имаа водство по само неколку минути игра. Сепак, домаќинот најпрво до полувреме, а потоа и во продолжението на два пати го совлада Гачевски и успеа да ги освои трите бода.

Со триумфот на Воска пак над Беласица, Вардар сега не е повеќе лидер, туку го препушти првото место на тимот од Охрид.

Се добро почна денеска за Вардар откако Дарио Десниќ погоди за 0:1. Имаше Вардар контрола на мечот, се до моментот кога Фетаи искористи еден добар центар шут и со глава израмни на 1:1.

Во вториот дел домаќинот искористи уште една ситуација, поведе со 2:1, а потоа Вардар не успеа да се врати во живот. Имаше неколку ситуации во самиот финиш но не ги искористи.

 

ПретходноСпециа извлече бод кај Фиорентина
СледноВМФЛ: Спектакл во Струга, Караорман го доби „езерското дерби“, Воска и Гостивар убедливи, кикс на Пелистер!