ВМФЛ: Беса му се “остри“ на Вардар, Гостивар и Воска чекаат кикс на лидерот, “езерско дерби“ во Струга

712

 

Денеска од 15 часот се играат сите натпревари од 23.коло во ВМФЛ. Иако нема класично дерби, нема директна пресметка на водечките екипи и аспиранти за пласман во елитата, сепак се очекува да биде супер интересно.

Посебно во Врапчиште, каде амбициозната Беса и тоа како сака да ја запре добрата серија на Вардар. Нема сомневање дека ова за вардарци ќе биде едно од најтешките гостувања оваа пролет. Ќе треба да се даде максимумот ако се сака уште една победа.

May be an image of 3 people, people playing football and people playing soccer

Сепак на овој меч и Беса се прашува.

Гостивар и Воска Спорт чекаат кикс на лидерот. И две екипи играа дома и не би требало да има проблеми околу освојување на трите бода. Гостивар го дочекува Тетекс во “полошкото дерби“, а Воска пак игра дома со Беласица.

Во Струга се игра “езерско дерби“. Големите и вечни ривали, Струга и Охрид ќе ги “вкрстат ракавиците“ и ќе одат на победа на задоволство на своите фанови. Секогаш кога играат Струга и Охрид, дали тоа е фудбал или ракомет,секогаш е супер интересно.

 

ДВОЈКИ ЗА 23.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Слога (В) – Пелистер

Воска Спорт- Беласица

Гостивар – Тетекс

Беса – Вардар

Каменица Саса – Кожув

Пехчево – Арсими

Караорман – Охрид

Борец – Детонит

ТАБЕЛА: Вардар 55, Воска 53, Гостивар 51, Пелистер 46, Детонит 37, Беса 33, Охрид 33, Беласица 32, Арсими 30, Караорман 27, Кожув 26, Пехчево 20, Каменица Саса 17, Тетекс 15, Слога (В) 13, Борец 2 бодови

ПретходноПосле 16 години ракометарките имаат „златна“ шанса за остварување на мундијалскиот сон!
СледноМилан го шокираше Ибрахимовиќ!