Попладнево се одиграа сите осум мечеви од 23.коло во ВМФЛ. Информиравме веќе дека Вардар загуби од Беса со 2:1, па така сега Воска е нов лидер. Тим кој што немаше никакви проблеми против Беласица и победи со 4:1. Три гола беа дело на Бехар Фета, еден даде Адеми.
Гостивар со 5:0 го победи Тетекс и тоа со головите на Велинов, Керим, Рамадани и два на Каланоски.
Спектакл во Струга, домашниот Караорман пред полни трибини успеа во „езерското дерби“ да го победи Охрид со 1:0. Стрелец на голот беше Келешоски.
Голем кикс на Пелистер, битолчани одиграа само 1:1 во Винива кај Слога, па така сега и дефинитивно си ги намалија своите шанси на нула за пласман во ПМФЛ.
Борец водеше со Детонит со 1:0, за да на крај загуби со 1:2.
ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ 23.КОЛО
Слога (В) – Пелистер 1:1
Воска – Беласица 4:1
Гостивар – Тетекс 5:0
Беса – Вардар 2:1
Саса – Кожув 1:1
Пехчево – Арсими 0:3
Караорман – Охрид 1:0
Борец – Детонит 1:2
ТАБЕЛА: Воска Спорт 56, Вардар 55, Гостивар 54, Пелистер 47…