Непроспиена ноќ: Чави ја дочекал зората, барајќи ги причините за тоа што се случи!

873

Барселона во „Ел Класико“ доживеа дебакл за кој ќе се зборува долго време, беше совладана од Реал Мадрид со 4-0 во Купот на Кралот.

Поразот во најголемото шпанско дерби најтешко му падна на тренерот, Чави Хернандез, кој според шпанските медиуми имал непроспиена ноќ. Тој веднап почнал да прави анализа на мечот, останал пред екранот до наутро.

„Првата работа која Чави ја направил после Реал е прегледување на снимката. Сакал да направи анализа и да ги забележи сите детали. Го анализирал мечот до зори, а веќе следниот ден одржал состанок со фудбалерите“.

Чаво по мечот не бараше никакви изговори, побарал од тимот да остане единствен.

„Мора да бидеме единствени во овие тешки моменти. Нема да биде лесно да се „свари“ овој пораз, но моравме да играме многу подобро од овој резултат. Нам не „уби“ голот во моментите кога бевме супериорни. Едвај излеговме од соблекувална после тоа. Штета. 

Горд сум на играта во првото полувреме, но во второто, грешките ги плативме скапи. Сепак игра против Реал, првакот на Европа“, се зборовите на Чави до играчите.

Барселона е на добар пат да ја освои титулата во шпанската лига. Каталонците се први со 12 бода пред Реал Мадрид, а до крајот на сезоната ќе одиграат уште 11 натпревари.

Тешко е да се очекува дека кралскиот клуб може да им направи проблеми, но никогаш не се знае во фудбалот и една серија лоши резултати може да го донесе првенството до возбудлив крај.

ПретходноЧурлинов и Барнли се вратија во Премиер-лигата!
СледноПосле 16 години ракометарките имаат „златна“ шанса за остварување на мундијалскиот сон!