Обрадовиќ по пласманот во Топ 8: Без нив не можеме да направиме ништо!

541

Партизан се пласираше меѓу осумте најдобри во Евролигата. Во Монако оствари победа (88:84) и со тоа дефинитивно го „потврди“ преминот во следната фаза. По натпреварот Жељко Обрадовиќ не го криеше задоволството од успехот.

“Среќен сум што победивме и се пласиравме меѓу осумте најдобри. Им честитам на моите играчи за се што направија. Беше тежок натпревар против тим кој обезбеди домашна предност, им честитам на одличната сезона. Сакам да им се заблагодарам навивачите на Партизан, тие се нашата сила, тие му помагаат на тимот. Не само во Белград, имаме голема поддршка каде и да одиме. Важно е да ни помогнат да бидеме на потребното ниво“, рече Обрадовиќ.

Во последното коло црно-белите го пречекуваат Панатинаикос, а потоа ќе биде познат конечниот пласман и противникот во четвртфиналето.

“Само што добив информација дека можеме да ја подобриме нашата позиција и дека не можеме да бидеме осми. Петти, шести, седми, ќе видиме. Имаме натпревар пред нашите навивачи, ќе се обидеме да продолжиме да играме на тоа ниво. Уште еднаш сакам да им се заблагодарам на овие прекрасни луѓе за поддршката“, заклучи Обрадовиќ.

ПретходноДончиќ ја заврши сезона после една четвртина, Далас одлучи да не игра во плеј-ин (ВИДЕО)
СледноЧурлинов и Барнли се вратија во Премиер-лигата!