Украинките едногласни: Не смееме да ја потцениме Македонија, тие се борат до крај

246

Украина денеска во Скопје гостува против нашата ракометна репрезентација во првата од двете битки на патот до Светското првенство. Украинките исто како и ние, во овие два меча ја гледаат шансата за нов настап на Мундијалот. Средниот бек на украинската репрезентација, Тамара Смбатијан, пред денешниот дуел за украинските медиуми изјави:

„Секако, има возбуда пред натпреварот. Сите сонуваме да стигнеме до Светското првенство и едвај чекаме да излеземе на теренот за да го претвориме тој сон во реалност. Сакаме да докажеме дека заслужуваме да одиме на Светското првенство, но знаеме дека ќе биде многу тешко“, вели ракометарката на Алба Фехервар.

За квалитетот на Македонија и фаворитската улога на Украина, Смбатјан дополнува:

„Не ја потценувајте репрезентацијата на Македонија. Кога играат дома видовме дека секогаш се борат до крај. Затоа, натпреварот ќе биде многу тежок за нас“.

ПретходноЗошто Далас намерно се откажа од плеј-ин? Кид вели било деловна одлука!
СледноВо Баку ќе се возат квалификации за стартните позиции на спринт трката?