Адесања повторно е шампион, се врати на тронот со брутален нокаут (ВИДЕО)

1244

Израел Адесања ја освои титулата на УФЦ во средна категорија. По три порази (два во кик-бокс и еден во ММА) од Алекс Переира, го победи Бразилецот во четвртата меѓусебна борба и стигна до титулата.

Првата рунда не понуди спектакл во пресметката на борците кои пред половина година се бореа за титулата, но затоа завршницата дојде на крајот на втората рунда. Најпрво Переира силно го притисна противникот и се чинеше дека Адесања е во неволја, но потоа дојде до пресврт. Адесања го нокаутираше за најголемата победа во кариерата, а судијата Ден Мираљота беше принуден да го заврши натпреварот.

Адесања сега има биланс од 24 победи (16 КО) и 2 порази во неговата професионална ММА кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

ПретходноСкандал во Мадрид: Валверде го чекал играчот на Виљареал на паркинг и му удрил бокс!
СледноГоран Здравков: Сиот респект за “лавовите“, но Брегалница оди на победа, тука нема дилеми!