Одличен настап, убава игра и победа од 2:1 на Брегалница против Македонија ЃП. Отворен и напаѓачки фудбал демонстрираа момците на стратегот Горан Здравков, кој вети дека така ќе играат неговите играчи и тоа и го исполни.
Уште една победа на “сините“ за еуфорија во фудбалски Штип.
Додека “сините“ се радуваа на најновата победа од Кавадарци стигна веста дека Тиквеш и Силекс одиграа без голови, 0:0. Тоа значеше дека Силекс освои само еден бод, а тоа пак значи дека сега Брегалница е во минус од само три бода во однос на четвртиот Силекс, место кое можеби ќе носи во Европа, ако се разбира Струга ТЛ го освои пехарот во финалето во Купот на Македонија.
И најинтересно, веќе во недела, во меч од 27.коло во ПМФЛ ќе има меѓусебен дуел меѓу Силекс и Брегалница.
Повеќе од јасно е дека е рано за вакви комбинации, но факт е дека сега Брегалница и Здравков ја “меркаат“ и Европа.
Никој нема право тоа да им го одземе, тој сон за фудбалска Европа.
А, како игра Брегалница оваа пролет, се е можно..