Драмата во Кавадарци за Работнички!

205

Работнички ја запиша петтата победа во низа, откако на гостувањето кај Еуро Никел славеасо 75-80. За кавадарчани ова беше четврти пораз во серија, а вината за неуспехот треба да ја бараат во своите редови, имаа отворена шанса за победа, но паднаа во решавачките минути.

Џелетовиќ со 18 поени и 9 скока беше прв стрелец, зад него беше Малешевиќ со 15 поени и 6 скока, Бакоќ и Нотиџ имаа по 14 поени, додека Шошкиќ беше стрелец на 13 поени. Во редовите на домашниот тим Планиниќ имаше дабл-дабл од 22 поени и 10 скока.

Претходно во првото полувреме видовме изедначена игра, по првата четвртина домаќинот имаше позитива од два поени (17-15), додека на одморот резултатот, минимално беше на страна на гостите 37-38.

Најтрофејниот кошаркари колектив влезе фуриозно во третата четвртина, полека, но сигурно градеше игра која во еден момент на избраниците на Димитар Мираковски им донесе двоцифрена предност од 50-63 и 52-65.

На стартот на последната четвртина се случи целосен прервст. Работнички испушти шанса за поинаков тек. Кавадарчани се вратија со серија од 12-1 на стартот на последната четвртина za 66-66 после три минути игра. Од овој момент мечот влезе во неизвесна завршница.

Во една брканица на теренот, по слободните фрлања на Џелетовиќ, Бакоч постигна важни поени за гостите за водство од 75-78 на 37 секкунди до крајот. Еуро Никел не успеа да се снајде ниту во новиот напад по тајм-аутот, Нотиџ украде топка и погоди две слободни фрлања за плус пет (75-80). Тука беше и крајот на овој меч.

Во вториот меч кој се играше во истиот термин, Куманово на домашен терен ја совлада Струмица со 89-82.

ПретходноAрсенал имаше водство од 2:0 на „Енфилд“ па на крајот спаси бод
СледноГеоргиевски не успеа да освои злато на Г1 турнирот во Скопје