Кристал Палас го освои целиот плен на гостувањето кај Лидс во 30.коло на Премиер лигата. Лондонскиот тим има 100% ефект со Рој Хоџсон на клупата, затоа што по триумфот над Лестер минатото коло со 2:1, денеска славеше со 5:1 на гостувањето на „Еланд роуд“.
Да потсетиме пред да дојде Хоџсон, тимот 13 меча не знаеше за победа.
Инаку мечот тргна со водство на Лидс преку Патрик Бамфорд. Но изедначи Гуехи во 45 минута. Во второто полувреме од 53 до 56 минута Палас направи водство од 3:1 со головите на Џордан Ајев и Езе.
Во 70 минута лондончани зголемија на 1:4 преку Едуард, а осум минути подоцна Ајев со својот втор гол ги постави конечните 1:5.
Палас се искачи на 12. Место со 33 бода од 30 меча, а Лидс е четити места подоле со 29 бода, два повеќе од опасната зона.