Петровиќ уште две години во Е.Пелистер

67

Предмалку тимот на Е.Пелистер објави дека е потпишана нова, двегодишна соработка со нивниот ракометар Павле Петровиќ. Десниот бек, кој веќе трета сезона го носи дресот на Е. Пелистер 2, се обврза на договор до 2025 година и од сезоната 2023/24 ќе настапува за Е.Пелистер.

Интернационалецот од Босна и Херцеговина се наметна со своите игри и како дел од процесот за развој од следната сезона ќе настапува за Е. Пелистер.

„Тука су веќе некое време и задоволен сум и од градот и од луѓето, исто така и од управата на клубот. Задоволен сум како се работи. Што се однесува до новиот договор со Еурофарм Пелистер, ова е нов предизвик во мојата кариера. Мене ми преостанува да дадам сè од себе, да се покажам во најдобро светло, да работам на себе и се надевам резултатите ќе бидат видливи. Имав неколку шанси да заиграм за Еурофарм Пелистер, но не завршија добро за мене. Но, сега е нова прилика и се надевам дека ќе се изборам за место во тимот“ – изјави Петровиќ.

ПретходноКировски „зема правда во свои раце“…. му го искина црвениот картон на Младеновски (ВИДЕО)
СледноВардар рутински го доби Пролет, на домашните им припадна второто полувреме!