Повредени полицајци по завршување на Езерското дерби

1622

Во рамките на ВМФЛ во Струга се одигра „Езерското дерби“ помеѓу Караорман и Охрид, а по завршувањето на мечот се случил инцидент на трибината на која биле сместени гостинските навивачи. Од СВР Струга соопштија дека имало интервенција на струшката полиција по кавга меѓу охридските навивачи и обезбедувањето, па дури имало и повредени.

На 08.04.2023 околу 17.00 часот во Струга, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Караорман од Струга и Охрид, во рамки на Втората фудбалска лига, бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица од навивачка група од Охрид, при што бил оштетен дел од инвентарот на стадионот. Притоа, при преземање мерки со повреди се здобиле пет полициски службеници од полициската станица Струга. По целосно документирање и расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави“, соопшти СВР Охрид.

ФОТО: Ohridnews.com

ПретходноБрегалница и Здравков сега ја “меркаат“ и Европа!
СледноМакедонија организатор на младинско ЕП во пинг-понг