Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде се најде во центарот на вниманието по поразот од Виљареал (2:3) во натпревар од Ла Лига.
Уругваецот го чекал играчот Алекс Баена на паркингот и му удрил бокс. Причина за агресијата на Валверде е фактот што Баена го навредуваше неговото нероденото дете, што играчот на „кралскиот клуб“ и неговата девојка Мина Бонино можеа да го загубат во февруари.
„Плачи сега затоа што вашето бебе нема да се роди“, му рекол Бaена на Валверде после еден негов старт.
Баена останал во шок. Почнал да вика обезбедување и полиција, која многу брзо се вклучила и спречила дополнителни конфликти. Фудбалерите на Виљареал го снимиле сето ова.
Мадридската полиција добила видео од инцидентот и започнала истрага.
🚨 EXCLUSIVA @alexsilvestreSZ 🚨
👀 Fede Valverde le ha pegado un puñetazo a Baena tras el partido. pic.twitter.com/P1tQeOmtvg
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) April 8, 2023