Израел Адесања ја освои титулата на УФЦ во средна категорија. По три порази (два во кик-бокс и еден во ММА) од Алекс Переира, го победи Бразилецот во четвртата меѓусебна борба и стигна до титулата.
Првата рунда не понуди спектакл во пресметката на борците кои пред половина година се бореа за титулата, но затоа завршницата дојде на крајот на втората рунда. Најпрво Переира силно го притисна противникот и се чинеше дека Адесања е во неволја, но потоа дојде до пресврт. Адесања го нокаутираше за најголемата победа во кариерата, а судијата Ден Мираљота беше принуден да го заврши натпреварот.
The full highlight of the Israel Adesanya V Alex Pereira fight pic.twitter.com/WIiM2uR522
— Ziri (@Uncleziri) April 9, 2023
Адесања сега има биланс од 24 победи (16 КО) и 2 порази во неговата професионална ММА кариера.
View this post on Instagram