Алкалоид го реши и Тиквеш!

179

Алкалоид продолжува со одличните резултати во плеј-офот. По Вардар 1961 на домашен терен падна и Тиквеш, го совлада со 29-26 (17-13) во рамките на последниот меч од осмото коло. За избраниците на Кирил Лазаров ова е шести триумф во плеј-офот со кој останува зад лидерите Вардар и Пелистер. За Тиквеш ова е трет пораз во низа.

Серафимов со седум гола беше прв стрелец, еден помалку запиша Стојков. На другата страна Хамзиќ имаше седум погодоци, Стефановиќ и Симиќ имаа по пет погодоци.

Дебитантот доминираше во првото полувреме. Гостите отворија со два гола, а по последните 3-4, домашниот состав со серија од 4-0 поведе со 7-4. Од овој момент, избраниците на Кирил Лазаров ја превземаа контролата на мечот, на четири минути до крајот Алаклоид со нов налет од три гола поведе со 16-10, имаше и 17-11, на другата страна Тиквеш одговори со два гола и на одморот намали на четири гола. И на оваа средба, исто како против Вардар 1961 на голот одличен беше Благојче Трајкоски имаше шест одбрани.

По само седум минути игра, Алкалоид ги врати највисоките плус шест 21-15, на почетокот на 40 минута не искористи шанса да зголеми на седум гола. Тиквеш преку Симиќ успеа да дојде на минус четири, ја искористи брзоплетоста на противникот.

Во овој период на теренот поведе 18-годишниот Дамјан Митев кој постигна два важни голови. Данило Брестовац не успеа да најде решение за противникот, кој повторно дојде на предност од шест гола 27-21 и до крај не дозволи изненадување. Кавадарчани успеаја само да го ублажат поразот, стигнаа на минус три (29-26).

ПретходноПетрушев победи на 54. ИКАС
СледноЦ. Звезда го победи Борац и ги остави „штрковите“ со шанси за опстанок во АБА лигата