Нашиот репрезентативец Александар Трајковски и неговиот тим Ал Фајха вечерва успеаја да останат непоразени на домашен терен против Ал Наср и големата ѕвезда на гостинскиот тим, Кристијано Роналдо, во меч од 23. коло на саудиската Премиер лига.
Мечот заврши без голови, а Трајковски ги одигра сите 90 минути за домашната екипа. Според оценките, тој беше еден и од најдобрите во редовите на Ал Фајха.
На стротивната страна стартер беше Роналдо, кој не успеа да ја продолжи голгетерската серија. Ова реми е голем минус за Ал Наср, кој сега заостанаува 3 бода зад Ал Итихад на табелата.