Малото градско мадридско дерби на Ваљекас меѓу Рајо Ваљекано и Атлетико им припадна на гостите кои победија со 2:1 во 28. коло од шпанската Ла Лига. Избраниците на Диего Симоне без поголеми проблеми дојдоа до победата со која се зацврстија на третото место со 57 бодови, а му се доближија и на второпласираниот Реал со само два бода.
Атлетико го реши овој дуел кон средината на првото полувреме. Во 22. минута Молина ја заврши фантастичната контра на Атлетико со гол со удар од 15 метри кој Димитриевски не можеше да го одбрани.
Само три минути подоцна веќе беше 0:2. Караско нафрли од корнер, а Хермосо со глава ја упати топката во мрежата на нашиот репрезентативен голман.
Рајо се обидиуваше да намали и тоа му усоеа во 85. минута Фран Гарсија од околу 30 метри испрати „бомба“ за конечни 1:2.