Гвардиола: Халанд е на исто ниво како Меси и Роналдо!

203

Ерлинг Халанд не престанува да ги урива рекордите во поглед на постигнати голови сезонава во Премиерлигата и воопшто во европскиот фудбал. Вчера Манчестер Сити го победи Саутемптон со 4:1, а два гола беа дело на Норвежанецот. Па така сега стигна до 30 голови во Премиерлигата на 29 натпревари за Манчестер Сити, иако треба да се каже дека Халанд не играше на сите. Што значи просекот на голови му е далеку подобар од еден на секој меч на Сити.

По вчерашниот неч неговиот тренер Пеп Гвардиола имаше само убави зборови за својот пулен:

Имавме извонредни две децении кога можевме да уживаме во фудбалските изведби на Меси и Роналдо, но Халанд е на исто ниво со нив. Не можете да замислите колку тој напредува од натпревар во натпревар, едноставно е неверојатен“ рече покрај другото стратегот на Сити.

Кога сме кај вкупната бројка во сите натпреварувања сезонава, Халанд има постигнато 44 голови и 5 асистенции во само 38 натпревари.

ПретходноАндон Дончевски во посета на репрезентацијата на Македонија до 15 години
СледноПалас се препороди со Хоџсон: Два меча – две победи, а претходно 13 меча не знаеше за триумф