Георгиевски не успеа да освои злато на Г1 турнирот во Скопје

265

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски не успеа да ги израдува домашните навивачи со златен медал откако загуби во финалето во својата категорија на Г1 турнирот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Oвој турнир се вбројува меѓу оние на кои се бркаат бодови за норма на ЛОИ во Париз.

Инаку вчера, на првиот ден на овој Меѓународен турнир, македонските натпреварувачи во кадетска и јуниорска категорија освоија еден сребрен и три бронзени медали.

Дарко Ѓоргиев во категоријата јуниори до 68 кг беше блиску да освои злато, но во финалната борба загуби од Хрватот Миро Јуркиќ.

Другите кои освоија медали беа: Стефан Димовски – бронза, кадети -37 кг А класа, Феникс кик (8)

Андреј Василевски – бронза, јуниори -51 кг А класа, репрезентација на Македонија (8)

Јован Марковски – бронза, јуниори +78 А класа, Кобра (3)

Одличен настап имаше и нашата репрезентативка Мила Рељиќ. Во категорија -62кг Мила оствари победи над Тамара Сево од Србија, над Зое Гуели од Унгарија и над Надја Савковиќ од Србија. Во извонредно тесни борби Мила го покажа шампионскиот сјај кога најмногу требаше. Ова се нови 10 поени за светската и олимписката ранг листа за Париз 2024.

ПретходноДрамата во Кавадарци за Работнички!
СледноДеби победа: Седлоски тргна со триумф на клупата на Влазнија