Горан Здравков: Сиот респект за “лавовите“, но Брегалница оди на победа, тука нема дилеми!

217

Попладнево од 15 часот на Градскиот стадион во Штип, домашната Брегалница ја дочекува Македонија ЃП во еден од најинтересните дуели во денешното 26.коло во ПМФЛ. По она реми со Тиквеш, исто така дома со 0:0, амбициите на тимот на стратегот Горан Здравков секако дека се победнички.

Брегалница оваа пролет игра во добра форма, сеуште под водство на Здравков екипата нема пораз, па така посакувањата се да се продолжи со тој позитивен тренд.

Самиот Здравков во пресрет на денешниот дуел за „Спортмедиа“ изјави:

Тежок натпревар. Македонија ЃП сега игра во својата најдобра форма, успеа да се пласира во финалето. Ни гостува исклучително квалитетна екипа, со голем ростер, ние во целост ја респектираме. Сепак, Брегалница игра дома, игра пред своите фанови од кои се очекува и денеска да ни дадат поддршка. Нема дилеми дека одиме на победа, но тоа да се оствари ќе мора да се даде максимумот, треба да се биде фокусиран, треба да се постигнуваат голови. Уверен сум дека тимот ќе даде се од себе, очекувам и се надевам на три бода со кои ќе ги израдуваме нашите фанови“ истакна Здравков.

ПретходноАдесања повторно е шампион, се врати на тронот со брутален нокаут (ВИДЕО)
СледноФудбалерите на Барселона во групниот „чат“ повторувале еден збор!