Дерби во Автокоманда: Алкалоид го пречекува Тиквеш!

162

Денеска ќе биде комплетирано осмото коло во плеј-оф и плеј-аут лигата. Битката за титулата продолжува меѓу Пелистер и Вардар 1961. Актуелниот македонски првак ќе има лесна задача, му гостува на Пролет во точно напладне. Овој триумф и претходно во СЕХА-лига ќе биде добредојден по шокантниот пораз од Алкалоид во претходното коло, кое ги врати „црвено-црните“ назад во одбраната на тронот.

Неделното дерби е во Автокоманда. Избраниците на Кирил Лазаров ќе ги одмерат силите со Тиквеш, дуелот е закажан со почеток во 20 часот.

Дебитантот зад себе го има големиот триумф над Вардар, па сега ракометарите на Алкалоид ќе влезат со уште поголема самодоверба. Тиквеш пак има пораз од Пелистер во добра игра, битолчани пред самиот крај успеаја да урнат отпорот на жилавите кавадарчани.

Двата тима на стартот на сезоната одиграа неизвесе натпревар, кој заврши со реми. Алкалоид имаше голема шанса да замине со цел плен, но неискуството на крајот беше пресудно.

ДВОЈКИ ПЛЕЈ-ОФ – 8. КОЛО

12:00 Пролет – Вардар 1961

20:00 Алкалоид – Тиквеш

РЕЗУЛТАТИ

Охрид – Пелистер 2 26-21

Пелистер – Бутел 26-18

ДВОЈКИ ПЛЕЈ-АУТ – 8. КОЛО

17:00 Радовиш – Прилеп

РЕЗУЛТАТИ ПЛЕЈ-АУТ

Голден Арт – Вардар Неготино 36-25

Куманово – Јуниор К.В 24-24

Струга – Скопје 31-25

 

ПретходноОдбојкарска „војна“ во Струмица, Јанта Волеј Форца нападнати на гостувањето кај Наковски (ВИДЕО)
СледноНаковски: Инцидентот има позадина, ние како клуб не оправдуваме ништо од ова