Инзаги заминува, од Интер се свртеле кон тренерот на Порто

251

Раководни луѓе на Интер ги имале првите контакти со тренерот на Порто, Серџо Консеисао, кој е еден од кандидатите за наследник на Симоне Инзаги како тренер на италијанскиот тим за идната сезона, тврди „Газета дело Спорт“.

Договорот на Консеисао со „змејовите“ е до летото 2024 година, па Интер ќе треба да плати клаузула за прекин на договорот, ако сака да го донесе на својата клупа. Консеисао има добра сезона со Порто, а во кариерата играше за Интер па сигурно би бил среќен ако успее да стане тренер на Интер и да работи во поамбициозната Серија А.

Тој беше поврзуван со Интер и пред две години, но тогаш беше избран токму Симоне Инзаги.

 

ПретходноКој го сака Мектоминеј, нека издвои најмалку 50 милиони фунти
СледноПетрушев победи на 54. ИКАС