Македонија организатор на младинско ЕП во пинг-понг

59

Македонската пинг понг федерација доби огромно признаение од страна на Извршниот Одбор на ЕТТУ откако и официјално и е доделена организација на Европско првенство во Пинг понг во категоријата на сениори до 21 година. Презентацијата и изборот се одржаа на тековното Европско првенство во пинг понг во категорија до 21 година во Сарајево, Босна и Херцеговина, каде што учесници се и Ангелина Иванова како заменик Врховен судија и Виолета Апостолоска како Судија на маса. За прв пат во историјата на Македонија, добиваме организација на врвен настан кој ќе го собере кремот на Европскиот пинг понг во Скопје во месец Јануари 2024 година.

Неколкуте врвно организарани светски настани во пинг понг, беа забележани и ЕТТУ ја потврди довербата во ППФМ за организација на уште еден голем настан на Европско тло во Скопје.
ПретходноПовредени полицајци по завршување на Езерското дерби
СледноНеверојатен кикс на голман, заборави дека топката е кај него, па прими гол (видео)