„Марка“: Бензема не мрда од Мадрид

154

Најдобриот фудбалер на Реал (М), Карим Бензема, ќе го продолжи договорот со клубот на уште една сезона, тврди весникот „Марка“. Шпанските медиуми пренесуваат дека веќе никој не се сомнева дека актуелниот освојувач на „Златната топка“ ќе остане во Мадрид.

Французинот сега повторно ужива во играњето фудбал, пишува „Марка“ и сега сериозно размислува на уште една сезона во дресот на „кралевите“ во битка за трофеи.

Се зборуваше дека Бензема размислува за понуда и од Саудиска Арабија. Сепак, милионите не ја промениле неговата желба да ја продолжи соработката со Реал.

Во 2009 година Бензема дојде во Реал од Лион за 35 милиони евра. Со мадридскиот клуб освои 24 трофеи и постигна 348 гола за 14 години.

ПретходноПомошниот судија со лакт го удри Робертсон на полувремето на „Енфилд“ (ВИДЕО)
СледноПо серија од три порази, Чаир славеше над ФМП