По реакцијата на Јанта Волеј за случувањата на вчерашниот реванш натпревар од полуфиналето на плеј-офот во Струмица меѓу Наковски Волеј и Јанта Волеј, со официјална реакција до нашата редакција се јавија и од струмичкиот тим, кој велат дека најодговорно тврдат дека обвинувањеата за физички напад се неосновани.
„Најодговорно тврдиме дека се неосновани обвинувањата на тимот на Јанта дека имало физички напад врз тренерите и врз одбојкарките во Струмица додека траеше натпреварот. Како домаќини имавме обезбедено полициска заштита и се беше под контрола. Навивачите навиваа и натпреварот се одвиваше во спортска атмосфера! Изјавата од Јанта волеј дека нашиот тренер Хари Наковски има нападнато одбојкарка на Јанта и тоа струмичанка е крајно неосновано, напротив играчката од Јанта – Фасулева смечира накај тренерот Хари и пцуе што може да се види и од самата снимка од натпреварот. А не е првпат бидејки камерите ја имаат уловено токму оваа одбојкарка со среден прст кон Наковски и поранешните соиграчки, однесување кое го немаше додека беше во Наковски волеј туку откако премина во Јанта“.
Во натамошното соопштение меѓудругото стои:
„За нашите мечеви со Јанта и да не зборуваме посебно кога сме гости. Контуинирани вербални напади како од тренерите, така и од одбојкарките на Јанта Волеј кон таборот на Наковски волеј, но и кон публиката во Струмица. Каде беше Горан Јаневиќ и Јанта да реагира за натпреварот во Скопје сала Дуња, кога девојките на Наковски волеј играа на гостински терен, без полиција и никакво обезбедување. Тоа е должност на домаќинската екипа, но Јанта како крајно неодговорни немаа обезбедено никаква заштита. Наместо тоа, тој ја нападна вербално нашата одбојкарка Хаџитосева, со пцуење и навреди и налет за физички напад, што не наликуваат на еден спортист и спортски работник. Напротив имаа повикано членови од фамилијата единствено и „единствено“ вербално да напаѓаат играчки. На тоа му претходи инцидентот повторно во Скопје кога одбојкарките од младинска конкуренција играа во сала „Парк“ во Скопје, пред само 3 дена, кога еден од навивачите имаше обид и за физички напад врз Хаџитосева, но тренерите на Наковски успеја да ја одбранат. Сето тоа се случуваше на терен, повторно без никакво полициско обезбедување. Хаџитосева беше вербално напаѓана во текот на целата утакмица како од тренерите така и од „публиката“ – фамилијата на Јанта. Освен Хаџитосева обид за физички напад имаше и кон други одбојкарки за што како тренери моравме да ги штитеме нашите девојки…“