Македонскиот кајакар Ангелче Петрушев е победник на 54. Издание на Илинденскиот кајак слалом кој викендов се одржа во СРЦ „Матка“ крај Скопје. На една од најдолговечните манифестации годинава имаше силна конкуренција, во која Петрушев накрајот го освои првото место, пред Лоранд Ѓоши од Косово, кои и пред ИКАС-от беше најавен како негов главен конкурент за првото место.
Трет во машка конкуренција финишираше Казахстанецот Мамбетов. Меѓу петтемина најдобри во машка конкуренција се најде и нашиот Стефан Рибарски кој заврши на 5. место.
Кај дамите во кајак најдобра беше Казахстанката Дарија Чешуина, пред нејзината сонардоничка Анастасија Ананиева, додека Афродита Колиа од Грција го освои третото место.
Во категорија Ц1 кај мажите победи Ананиева (Каз), додека кај мажите во Ц1 прв беше Куликов (Каз).