Попладнево се одиграа сите мечеви од 26.коло во ПМФЛ.
Најинтересно беше на Автокоманда каде Скопје и Струга ТЛ одиграа 1:1.
Струга ТЛ имаше водство се до 88.минута, но тогаш Моусинга со убав гол со глава успеа да му донесе бод на Скопје. Претходно Ибраими донесе водство уште во 15.минута.
Се играше борбено од двете страни, и двете екипи имаа свои шанси, имаше и нервоза која кулминираше во 90+3.минита по што Дардар Мифтари, тренерот на голманите на гостите доби црвен картон.
Сепак на крајот спортски поздрав и од двете екипи, голем бод за „пиратите“, а големи два бода заминаа од коното на лидерот во битката за титулата.
Деби победа на Џихан Арслан на клупата на Шкупи, шампионот со 0:6 просто ја декласира Победа и тоа среде Прилеп. По два гола на Сандеј и Цефас, а по еден на Алварез и Данфа.
Во Струмица борбена и агресивна игра, со по неколку шанси на двете страни, но сепак А.Пандев и Работнички одиграа 0:0.
Исто така без голови се играше и во Кавадарци, Тиквеш и Силекс дојдоа до по еден бод.
Брегалница успеа да победи со 2:1 против Македонија ЃП. Ѓорѓиев и Николов стрелаа за 2:0, додека гостите само самиот финиш го ублажија поразот.
Шкендија во ова коло беше слободна.
РЕЗУЛТАТИ – 26.КОЛО
А.ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 0:0
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:1
(Ѓорѓиев 51., Николов 64./)
СКОПЈЕ – СТРУГА ТЛ 1:1
(Моусинга 88. /Ибраими 15.)
ПОБЕДА – ШКУПИ 0:6
(/Адетунџи 35.,55., Цефас 50.,59., Алварез 71., Данфа 79.)
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0:0
ШКЕНДИЈА (СЛОБОДНА)