ПМФЛ: Јонуз слави роденден, а неговите “пирати“ ќе го предизвикаат лидерот, интересни дуели во Кавадарци и Струмица, Шкупи гостува во Прилеп!

506

За денеска од 15 часот закажани се сите пет натпревари од 26.коло во ПМФЛ. По оној сензационален триумф на Чаир кај Шкупи, главно прашање е дали препородениот тим на Скопје, под водство на стратегот Мирсад Јонуз, ќе има сила денеска да направи нова сензација и тоа против најдобриот тим во лигата, тимот на Струга ТЛ.

Во случај на победа тогаш легитимно е Скопје да се надева на битка со А. Пандев, па и Работнички, за избегнување на десеттото место кое води во баражот.

Ако можеше да падне Шкупи на свој терен, зошто да не може и Струга ТЛ на Автокоманда, тие се размислувањата на “пиратите“ во пресрет на денешниот дуел.

Интересно е тоа што на Јонуз денеска му е роденден, па така тој најубавата честитка ќе ја добие од своите играчи ако тие дојдат до добар резултат.

Од друга страна Струга ТЛ знае каде гостува, откако во среда успеа да се пласира во финалето на Купот, сега уште повеќе стружани се охрабрени и сакаат нова победа.

May be an image of 1 person, playing soccer and playing football

Имаме квалитет и добра атмосфера во тимот. Максимално сме подготвени и фокусирани пред денешниот дуел. Нема да биде лесно, Скопје во последно време игра во одлична форма, токму затоа сиот наш респект кон денешниот домаќин. Сепак ние се бориме за титулата, си имаме свои цели и амбиции и се знае што треба да сториме на денешниот меч“ вели Ведран Ќосевски, голманот на Струга ТЛ.

Интересно се очекува да биде во Кавадарци и Струмица каде се среќаваат Тиквеш и Силекс, како и А.Пандев и Работнички. Дали конечно Работнички ќе ја прекине мизерната серија од пет порази на последните шест средби, останува да се види, посебно ако се знае дека и на А. Пандев и “гори“.

Силекс можеби е фаорит против Тиквеш, но кој може да каже дека лесно ќе дојде до победата среде Кавадарци, тука секој резултат е можен.

По оној пораз дома од Скопје, и тоа на дебито на Џихан Арслан на клупата на Шкупи, секако дека сеуште актуелниот шампион ќе се обиде и тоа како да се рехабилитира кај Победа, противник по мерка за такво нешто.

И во Штип се среќаваат екипите на Брегалница и Македонија ЃП.

Во ова коло слободна ќе биде екипата на Шкендија.

ДВОЈКИ ЗА 26.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП

ТИКВЕШ – СИЛЕКС

ПОБЕДА – ШКУПИ

СКОПЈЕ – СТРУГА ТЛ

А.ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ

ШКЕНДИЈА (СЛОБОДНА)

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 49, Шкендија 44, Шкупи 42, Силекс 38, Брегалница 33, Македонија ЃП 32, Тиквеш 29, Работнички 24, А. Пандев 20, Скопје 17, Победа 13..бодови

ПретходноФудбалерите на Барселона во групниот „чат“ повторувале еден збор!
СледноЃоргиевска: Имаме минус, но не се предаваме!