По серија од три порази, Чаир славеше над ФМП

79

По серија од три последователни порази, кошаркарите на Чаир вечерва на домашен терен беа подобри од ФМП Академија со 72:60. Ова беше само шестата сезонска победа за чаирчани, кои со оваа победа во дуелот со директниот конкурент, успеаја да скокнат на 9. место на табелата оставајќи ги зад себе Куманово, ФМП и екипата на Струмица.

Првата и третата четвртина беа клучни за развојот на натпреварот. Во првиот период Чаир направи позитива од 8 поени, која ја задржа и на полувреме, а потоа во третиот период додаде уште +8 со кои ја најави убедливата победа.

Одлична партија кај домашните имаше Мустафица со 19 поени, а по 17 постигнаа Роби и Александровски. Кај ФМП најефикасен беше Смит меквин со 12 поени.

Претходно„Марка“: Бензема не мрда од Мадрид
СледноАтлетико со два гола во мрежата на Столе му дојде зад грб на Реал (М) (ВИДЕО)