Екипата на Прилеп дојде до петтиот триумф оваа сезона, откако на гостувањето кај Радовиш славеше со 17-19 во последниот меч од осмото коло во плеј-аут лигата.
Гостите ја оправдаа фаворитската улога во натпревар на кој паднаа вкупно 36 голови. Скромна игра имаше во првото полувреме, на исто ниво остана и вториот дел. Гостите отворија со 0-6, но домашниот состав со серија од 6-1 дојде на еден гол негатива 6-7, а подоцна и израмни на 8-8, но тука и застана. На другата страна следеше одговор со три погодоци за 8-11 на одморот.
Радовиш влезе во мала криза која гостите ја искористија за нова серија и водство од 13-17, кое пак брзо го изгубија, откако домаќинот успеа да дојде на еден гол негатива 16-17, но немаше сили за целосен пресврт.
Шокоски постигна шест гола, Бикоски четири кај победникот, на другата страна Марков имаше пет гола.