Тренерот на ПСЖ “полуде“: Ја навредувате мајка ми која има рак!

264

Синоќа ПСЖ како гостин успеа да ја победи Ница на гости со 0:2. Меси и Рамос беа стрелците, но стратегот на „светците“ Криштоф Галтие и тоа како не беше баш најпријателски пречекан од фановите на Ница, клуб од каде минатиот јуни тој направи трансфер во ПСЖ. Тие не можат да му го простат тоа и затоа во текот на целиот меч го навредуваа, имаше и неприкладни транспаренти.

По мечот тој видно изнервиран, отиде до трибината каде беа најверните фанови на Ница и им го покажа палецот:

Зошто бурно реагирав? Дали видовте? Дали слушнавте? Мојата мајка има 83 години и е болна од рак, а тие ја навредуваа. Овие фанови на Ница ја гледаат својата екипа во Европа благодарение на мојата работа во минатото, и што сакаат нека мислат и кажат, тоа е само поради мене и сегашниот тренер“ изјави гневно Галтие.

ПретходноСРЕЌНИ И ВЕСЕЛИ ЛИЦА: Повеќе од 3000 учеснички ја истрчаа единаесеттата Авицена Женска трка
СледноНаковски волеј со официјална реакција за случувањата на мечот со Јанта Волеј