Aрсенал имаше водство од 2:0 на „Енфилд“ па на крајот спаси бод

172

Жестоко дерби на „Енфилд“ помеѓу Ливерпул и Арсенал во меч од Премиер лигата. „Топчиите“ кои итаат кон шампионската титула имаа убава предност од 0:2 со головите на Мартинели и Жесус по само 28 минути.

Ги начека заспаните дефанзивци на Ливерпул и два пати ги матира, па се чинеше дека ова ќе биде голема победа на „Енфилд“. Но не беше така. Момците на Артета се доведоа до ситуација да спасуваат бод на крајот.

Мохамед Салах намали во 42 минута, во 52 минута судијата покажа пенал за „Црвените“. Салах го изведе меѓутоа го промаши голот. Потоа голманот Рамсдејл неколку пати го спасуваше својот гол, но не успеа и во 87 минута кога Фирмино ја затресе мрежата.

На крајот Арсенал мора да биде задоволен  со овој бод, меѓутоа предноста во однос на второпласираниот Сити сега е шест бода со тоа што „граѓаните“ имаат и меч помалку. Ливерпул е на осмото место со 44 бода по 29 меча.

ПретходноПрилеп го освои Радовиш во меч со мал број на голови!
СледноДрамата во Кавадарци за Работнички!