Ал Фајха му одзеде важни бодови на Ал Наср: Трајковски vs. Роналдо – 0:0

318

Нашиот репрезентативец Александар Трајковски и неговиот тим Ал Фајха вечерва успеаја да останат непоразени на домашен терен против Ал Наср и големата ѕвезда на гостинскиот тим, Кристијано Роналдо, во меч од 23. коло на саудиската Премиер лига.

Мечот заврши без голови, а Трајковски ги одигра сите 90 минути за домашната екипа. Според оценките, тој беше еден и од најдобрите во редовите на Ал Фајха.

На стротивната страна стартер беше Роналдо, кој не успеа да ја продолжи голгетерската серија. Ова реми е голем минус за Ал Наср, кој сега заостанаува 3 бода зад Ал Итихад на табелата.

ПретходноАтлетико со два гола во мрежата на Столе му дојде зад грб на Реал (М) (ВИДЕО)
СледноХауард Веб им се извини на Брајтон, тие прашуваат: Зошто постои ВАР?