Во натпревар од 8.коло во плеј – офот на нашата елитна ракометна лига, Вардар како гостин успеа да го победи тимот на Пролет со 18:25 (7:16). Очекувано, заслужено и рутински во дуелот на двете скопски екипи победата им припадна на вардарци, а домашните може да се тешат со тоа дека им припадна второто полувреме кое го добија со 11:9, но тоа беше премалку за да се направи нешто повеќе врз крајниот резултат.
Исто така треба да се каже дека тренерот на Вардар, Недановски и тоа како комбинираше со тимот, дел од неговите првотимци воопшто не влегоа во игра, а дел само повремено, кога беше неопходно.
Ова е најважно за Вардар, не само што победи туку и го одмори своите главни сили.
Кај Вардар најефикасен беше Чувара со 8 голови, додека кај Пролет прв стрелец беше Тотиќ со 4 погодици.
Инаку пред натпреварот, раководството на РК Пролет со благодарници им се заблагоради на своите некогашни играчи, а сега ракометари на РК Вардар 1961, Томислв Јагуриновски и Михаил Аларов.