Финалето на Купот на Грција оваа година ќе се игра на Кипар, соопштија од Грчкиот фудбалски сојуз. Мечот е закажан на 20 мај на стадионот „ГСП“ во Никозија и тоа ќе биде првпат во историјата на грчкиот фудбал, мечот за трофејот од националниот куп да не се игра во Грција.
ПАОК е најблиску до финалето поради тоа што има 5:1 од првиот полуфинален меч со Ламиа. Во другиот полуфинален меч АЕК го победи Олимпијакос со 3:0 и исто така е на чекор до финалето.
Ако ПАОК избори финале оваа екипа ќе има голема поддршка на Кипар затоа што „црно-белите“ од Солун имаат многу фан-клубови и сателит-фудбалски школи во четирите најголеми градови на острово – Никозија, Ларнака, Лимасол и Пафос.
Инаку врските меѓу Кипар и Грција се многу силни. На фудбалски план, во 70-тите години на минатиот век кипарски тимови дури играа во првата дивизија на Грција.
🚨 BREAKING: The 2023 Greek Cup final will take place in Cyprus, Nicosia at GSP Stadium on 20th May
It is the first time the Greek Cup final is held outside of Greece pic.twitter.com/D8yC9yMihW
— Hellas Football (@HellasFooty) April 7, 2023