Раководни луѓе на Интер ги имале првите контакти со тренерот на Порто, Серџо Консеисао, кој е еден од кандидатите за наследник на Симоне Инзаги како тренер на италијанскиот тим за идната сезона, тврди „Газета дело Спорт“.
Договорот на Консеисао со „змејовите“ е до летото 2024 година, па Интер ќе треба да плати клаузула за прекин на договорот, ако сака да го донесе на својата клупа. Консеисао има добра сезона со Порто, а во кариерата играше за Интер па сигурно би бил среќен ако успее да стане тренер на Интер и да работи во поамбициозната Серија А.
Тој беше поврзуван со Интер и пред две години, но тогаш беше избран токму Симоне Инзаги.