Манчестер Јунајтед поставил висока цена за халфот Скот Мектоминеј за кого интерес пројави Њукасл. Според „Сан“ раководството на „Црвените ѓаволи“ ќе бараат за шкотскиот репрезентативец минимум 50 милиони фунти.
26-годишниот фудбалер уште од дете игра за Манчестер Јунајтед, а има договор на уште две години со опција за продолжување на дополнителни 12 месеци. Инаку сезонава Мектоминеј беше споменуван во медиумите како еден од играчите со кои тренерот Тен Хаг планира да се раздели летото за да го зголеми буџетот за да го обнови составот.
Мектоминеј во изминатите неколку недели игра одлично, даде четири гола во настапите за Шкотска за време на квалификациите за ЕП, а вчера го отвори резултатот во победата на Јунајтед над Евертон во Премиер лигата.
Ако ја одржи оваа форма веројатно Тен Хаг ќе се премисли и ќе го задржи Шкотланѓанецот.