Не помина ниту еден час откако Спортмедиа објави текст по повод инцидентот на женскиот одвојкарски натпревар во Струмица во рамките од плеј офој од домашниот шампионат, помеѓу екипите на Наковски Волеј и Јанта Волеј Форца, а да не бидеме контактирани и од другата страна на случајот.
Јанта Волеј Форца како што самата вели на гостувањето е нападната, навредувана и понижена во секој поглед од службени но пред се од неслужбени лица. Откако и се обратија на јавноста водечките луѓе на овој клуб, спротивната страна веднаш реши да возврати односно да ја каже својата страна од приказната.
„Убаво би било кога во овој случај би се слушнала и другата страна нели…“ вели за Спортмедиа, Хари Наковски, првиот човек на Наковски Волеј и продолжува.
„Да, инцидент имаше но сето тоа е настанато поради настаните на првиот меч во Скопје. Тренерот на Јанта Волеј тогаш и се нафрли на нашата одбојкарка со погрдни зборови и со пцовки. Како и поголемиот дел од одбојкарките, и во овој случај се работи за малолетно девојче, и нормално е потоа кога нејзината фамилија да реагира во првиот можен момент. Лично јас, како Хари Наковски, направив се за да се спречи поголем инцидент. Па како јас, кој сум години во женската одбојка би дозволил вакво нешто. Не оправдувам вакво однесување. Ние како клуб на домашен терен за прв пат се соочуваме со вакво нешто, мора да напоменам повторно не по наша вина, за раслика од Јанта Волеј каде што многу често се случуваат инциденти“ – вели за Спортмедиа, Хари Наковски.