Фудбалерите на Барселона во групниот „чат“ повторувале еден збор!

3871

Барселона го игра својот натпревар против Џирона во понеделник, но фудбалерите на овој тим со задоволство во саботата вечерта го следеа првенственото дерби помеѓу Реал Мадрид и Виљареал.

Фудбалерите на Барселона 28. коло го дочекаа со +12, а истата предност сигурно ќе ја имаат и пред натпреварите од 29. коло, без разлика како ќе биде крајниот биланс против Џирона, во кој очигледно се огромни фаворити.

Барса со победа би стекнала 15 бода предност, а и со евентуално реми ќе ја зголеми и онака големата предност пред најголемиот ривал. Поразот на Реал во Мадрид од Виљареал практично ги турна Каталонците кон титулата. Сосема очекувано фудбалерите на Барса вчера ги прославија головите на Виљареал.

Во групата WhatsApp каде се наоѓаат играчите на Барселона имало пораки на задоволство, а според шпанскиот весник најмногу се користел зборот „брутално“.

Биле испратени и пораки до дел од играчите на Виљареал во кои Каталонците им честитаат на важната победа која му овозможува уште да се надева на пласман во Лигата на шампионите.

Се очекуваше дека победата на Реал над Виљареал ќе ја притисне Барселона, Карло Анчелоти веруваше дека ќе ја продолжат битката за титула, но по овој меч се е јасно.

ПретходноГоран Здравков: Сиот респект за “лавовите“, но Брегалница оди на победа, тука нема дилеми!
СледноПМФЛ: Јонуз слави роденден, а неговите “пирати“ ќе го предизвикаат лидерот, интересни дуели во Кавадарци и Струмица, Шкупи гостува во Прилеп!