Хауард Веб им се извини на Брајтон, тие прашуваат: Зошто постои ВАР?

650

Прекршокот на играчот од средниот ред на Тотенхем, Пјер-Емил Хојбјерг над Каур Митома од Брајтон на вчерашниот меч од тековното коло во Премиер лигата, требаше да биде санкциониран со пенал, потврди судиското тело на Премиерлигата.

Тоа беше само една од неколкуте одлуки кои беа против Брајтон на тој натпревар, кој на крајот загуби од Тотенхем со 2:1. Хојбјерг го закачи Митома за ногата, но судијата Стјуарт Атвел не реагираше, а не се огласи ниту ВАР.

Шефот на судискиот комитет, Хауард Веб, го контактирал раководството на Брајтон и ја признал грешката, објави Би-Би-Си. Доколку Брајтон го добиеше тој натпревар, сега ќе беше шести, со бод зад Спарс и два натпревари помалку.

„Не знам за што служи ВАР?! Почна да се користи за решавање на клучни ситуации, а сега не се користи во нив. Тогаш за што е?, праша капитенот на Брајтон, Данк.

ПретходноАл Фајха му одзеде важни бодови на Ал Наср: Трајковски vs. Роналдо – 0:0
СледноНешто што ретко се гледа во НБА: Соиграчи се степаа на тајм-аут (ВИДЕО)