Ц. Звезда го победи Борац и ги остави „штрковите“ со шанси за опстанок во АБА лигата

372

Црвена Звезда ја оправда фаворитската улога против Борац на гостински терен и го совлада со 82:87 во рамките на претпоследното коло од регуларниот дел од сезоната во АБА-лига. Со овој пораз на Борац, МЗТ Скопје останува во живот за опстанок во јадранското друштво.

Актуелниот македонски првак треба на домашен терен да ја совлада Цибона, дуел кој се игра на 14 овој месец, додека ден подоцна да навива за Будуќност и да чека пораз на Борац.

Ова е единственото сценарио кое на МЗТ Скопје ќе му ја донесе претпоследната позиција на табелата која носи бараж меч за останување во АБА-лига.

ПретходноАлкалоид го реши и Тиквеш!
СледноПомошниот судија со лакт го удри Робертсон на полувремето на „Енфилд“ (ВИДЕО)