Дисциолинската комисија при Ракометната федерација на Македонија денеска ги донесе одлуките по повод инцидентите настанати на последното дерби помеѓу екипите на Вардар и Пелистер.
Истото беше одиграно во СРЦ Јане Сандански и сите бевме сведоци на хаосот кој настана. Токму поради него, и РК Вардар и РК Е.Пелистер ќе бидат казнети со парична глоба од 150.000 денари, а домаќинот во случајов, скопјани ќе мора да одиграа следни два дуели без право на публика. Едниот ќе биде против Охрид, а другиот, токму против тимот на Е.Пелистер.