Константин Хацидакис, судијата кој викендов на дуелот Ливерпул – Арсенал го удри играчот на Ливерпул Енди Робертсон ќе биде суспендиран. Ова го соопшти Здружението на професионални судии во Англија (PGMOL).
По крајот на првото полувреме, Хацидакис и шкотскиот интернационалец влегоа во некаков конфликт, при што судијата го подигна лактот и го удри играчот во лице. Во моментот, сепак, не следеше санкција за ниту еден од нив и натпреварот потоа продолжи нормално.
Хацидакис е еден од најискусните судии во англискиот фудбал, а воедно е и меѓународен судија. Тој има 38 години и е роден на Островот. Тоа беше негов петти натпревар со Ливерпул сезонава во кој беше асистент.
Did the assistant referee elbow Andy Robertson? pic.twitter.com/dAYCgeVjhY
— Tony (@TonyL_01) April 9, 2023