ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Здравков (Брегалница)

400

Убава игра, победа против финалистот во Купот на Македонија, нови три бода. Тоа е епилогот од вчерашниот меч на Брегалница со Македонија ЃП. Ќе беше и убедлива победа, но сепак “лавовите“ во последните секунди го ублажија поразот за конечни 2:1.

Горан Здравков и натаму успешно е на кормилото на тимот, и натаму е без пораз како стратег на “сините“. Вчера неговиот тим одигра навистина квалитетно и покажа дека со него тимот на Брегалница е сосема нешто друго, некоја нова Брегалница.

Уште повеќе ако се знае дека Чаламот знае и сака да им дава шанса на помладите кои и тоа како ја користат минутажата.

Ех, Брегалница да го имаше Чаламот од стартот на сезоната, веројатно до сега и Европа ќе беше обезбедена.

ПретходноБаерн против Сити без Чупо Мотинг
СледноПелистер го демолираше Татран Прешов за второ учество на Ф4 во СЕХА-лига!