Баена го пријави Валверде во полиција

397

Шпанскиот прволигаш Виљареал објави дека нивниот играч Алехандро Баена и официјално поднел пријава во плиција против играчот на Реал Мадрид Федерико Валверде. Причина за ова е ударот со тупаница кој Баена го добил од Валверде за време на нивниот меѓусебен дуел.

„ Фудбалерот на Виљареал Алекс Баена, синоќа беше нападнат додека се движеше кон тимскиот автобус по натпреварот против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Соочен со оваа ситуација, играчот одлучи да поднесе соодветна жалба против напаѓачот до Националната полиција. Уште еднаш, Виљареал како клуб забранува какви било акти на насилство и цврсто верува во верзијата на својот играч, кого ќе го поддржува во текот на целиот процес“, се вели во соопштението на клубот.

ПретходноМегваер: Сакам да играм на секој натпревар, се чувствувам во форма оваа сезона
СледноСудијата кој го удри Робертсон е суспендиран (ВИДЕО)