Женската фудбалска репрезентација на Македонија со 3:1 е поразена од соодветната селекција на Црна Гора.
По поразот од Албанија, ова е уште еден неуспех во серија за избраничките на Кирил Изов. Единствен стрелец за нашиот состав беше Максути.
Иако Македонија на моменти и не одигра така лошо на овој дуел сепак, црногорките се покажаа како пресилен противник.