Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски периодов е исклучително активен и беше дел од голем број на фјучерс туринири. Истите му донесоа солидни пласмани во самите завршници, а со тоа и бодови со кои го достигна најдобриот ранкинг досега во кариерата.
Од денеска Калин Ивановски, со новите пет поени на АТП ранкингот е 457 тенисер на светот. Направи скок од 18 места и го постигна најдобриот пласман во кариерата досега.
Во женска конкуренција напредок забележа и Лина Ѓорческа која го освои турнирот во Сплит и сега е на 213-тата позиција.