Челзи има очајни резултати во Премиер лигата и покрај огромните вложени средства во зимскиот преоден рок за нови играчи. Сепак, „сините“ некако успеаја да стигнат до четвртфиналето на ЛШ, а таму ги чека Реал Мадрид, бранителот на европската круна.
„Врз основа на нашите неодамнешни резултати, ние не сме фаворити, но сме посилни отколку што мислат луѓето. Тоа е предизвик кој ќе бара максимум од секој од нас и од целиот тим бидејќи играме против бранителот на титулата.
Мора да се однесуваме со почит кон сите противници. Знаеме дека Реал Мадрид е клуб со големо искуство. Затоа, потребно е максимално внимание на секој детал. Пред нас е многу опасен тим“, изјави Аспиликуета.
Реваншот ќе се игра во Лондон на 18 април. Победникот од оваа двојка во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од Манчестер Сити и Баерн Минхен.