Вчера на „Енфилд“, во големото дерби Арсенал против Ливерпул во 28.минута имаше водство од 0:2. И се чинеше дека ова ќе биде уште еден важен чекор на “топчиите“ во атакот на титулата во Премиерлгата. Но тимот на Артета почна да паѓа во играта, Ливерпул прво намали на 1:2, за да во 87.минута успеа и да израмни на 2:2.
А за тоа најголема вина има Украинецот Зинченко кој направи голем кикс, имено дозволи Александаре – Арнолд да си поигра со него и да ја центрира топката пред голот на гостите а таму Фирмињо успеа да израмни на 2:2.
Веднаш по тој кикс тренерот Артета го извади од игра Украинецот, кој откако седна на резервната клупа сфати што направи и почна да рони солзи, сфати дека тој негов кикс можеби ќе го чини неговиот тим и титула.